МВР затвори седум локали што не ги почитувале мерките против коронавирусот

од Aleksandar Todeski

Министерството за внатрешни работи преку соопштение информираше дека се затворени седум локали кои не ја почитувале мерката против коронавирусот и работеле и покрај забраната.

Фото: Борче Поповски

„Министерството за внатрешни работи-СВР Скопје во координација со Државниот пазарен инспекторат денеска попладне (15.03.2020) презеде мерки за затворање локали во северниот дел од Скопје кои не ја почитуваат одлуката на Владата. Затворени се вкупно седум локали. Локалите ќе бидат затворени до завршување на мерката која е донесена од страна на Владата на РСМ“, соопштија од МВР. 

Владата донесе решение наместо до 18 часот, во следните четиринаесет дена, локалите воопшто да не работат, а по изминувањето на тој рок, во зависност од состојбата, ќе се преземаат нови чекори.

Слични содржини