Најмалку 10 луѓе ги загубија животите во поплавите во Турција

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку 10 лица ги загубија животите во поплавите во две турски провинции, кои беа разурнати од катастрофалниот земјотрес минатиот месец, јави денеска АП.

Силниот дожд и поплавите создадоа дополнителен проблем за илјадници луѓе кои останаа без покрив над главата, додаваат турските власти.

Едно лице загина во градот Тут во југоисточната провинција Адијаман, кога водата однела контејнер во кој живеела група преживеани од земјотресот, изјави гувернерот Нуман Хатипоглу. Четири лица од Тут се водат за исчезнати.

Во соседната провинција Шанлиурфа четири лица загинаа, а двајца пожарникари исто така се водат како исчезнати по поплавите, изјави за „Хабертурк“ гувернерот Салих Ајхан.

Слични содржини