Најдена е исчезнатата Македонка во Грција

од Nikola Popovski

Пронајдена е македонската државјанка за која семеjството објави дека исчезнала во Грција. Според информациите, таа најверојатно се качила во погрешен автобус.

Семејството добило информација од Македонци кои биле во Грција дека таа е во автобус и од Солун патува за Македонија и дека добро.

Известени биле и македонската и грчката полиција.

Претходно, нејзините блиски на Фејсбук групите каде што се бара сместување и се објавуваат дополнителни информации од Грција, бараа помош од сите кои моментално се на одмор кај нашиот јужен сосед.

Слични содржини