Најголемите ѕвезди на Саемот на автомобили во Пекинг

од desk2

За десетина дена почнува едниот од најголемите автомобилски саеми на светот во Пекинг, кој поради важноста на Кина во автомобилската индустрија постепено станува и еден од најзначајните.

Иако веќе се зад нас престижните саеми во Детроит и Женева, кои донесоа бројни премиери, следниот во Пекинг (од 25 април до 4 мај), можеби ќе донесе уште повеќе.

Помеѓу најзвучните „ѕвезди“ на претстојниот саем се истакнуваат Maybach SUV концепт, Bentley Bentayga со моќен V8 турбобензинец, Mercedes A класа седан, новиот VW Touareg и новата верзија на BMW M2, како и електричната верзија на SUV моделот Х3.

Францускиот премиум произведувач DS ќе го претстави своето видување за иднината, Pininfarina ќе ги прикаже своите адути во класата на премиум електричните лимузини, Škoda со новиот SUV модел Kamiq дизајниран строго за кинескиот пазар, потоа новиот Ford Focus, па Audi Q5 посебно дизајниран за Кина, како и бројни локални адути.

Во центарот на вниманието секако ќе бидат моделите на електричен и хибриден погон.

Слични содржини