Најоптимистично сценарио досега: Пандемијата би можеле да заврши и порано отколку што мислевме

од Stefanija Kuzmanovska

Пандемијата на коронавирус може да заврши за шест месеци според најоптимистичното сценарио или за една година според песимистичкото, изјави денеска заменик директорот за клинички и аналитички работи на рускиот Централен научен истражувачки институт за епидемиологија, Наталија Пшенична.

Според неа, во април минатата година, научниците дадоа предвидувања засновани на математички пресметки и предупредија дека епидемијата ќе трае најмалку 18 месеци или две години, а тие предвидувања се исполнети досега, пренесува Тасс.

„Според оптимистичкото сценарио, пандемијата може да трае уште шест месеци. Најпесимистичкото сценарио предвидува дека пандемијата ќе заврши за околу една година“, рече Пшенична.

Таа повтори дека иднината на пандемијата зависи од однесувањето на луѓето, односно од почитувањето на пропишаните норми на однесување.

Слични содржини