Напад со нож во трговскиот центар во Милано: Mеѓу повредените и познат фудбалер

од Берта Китинска

Во Италија, недалеку од Милано, вечерва се случи напад, пренесува „Corriere della sera“.

Напаѓачот зел нож од продавница во трговскиот центар Миланофиори во Асаго и почнал по случаен избор да ги боде жртвите.Повредени се четири лица, од кои некои се во тешка состојба, јавува медиумот.

Според написите, меѓу повредените е и Пабло Мари (29), шпанскиот дефанзивец на прволигашот Монца, позајмен од Арсенал.

Напаѓачот, 46-годишен маж со италијанско потекло, бил спречен од карабинерите.

Засега не се познати причините за нападот.

Слични содржини