Наставата на северот на Косово од денеска во прекин

од Stefanija Kuzmanovska

На северот на Косово наставата ќе биде во прекин во сите основни и средни училишта, како и во градинките, одлучено е денеска на состанокот на директорите на училиштата на северот на Косово со првиот човек на Училишната управа.

Родителите на децата на северот на Косово добија порака со содржина дека наставата се одложува додека припадниците на косовската полиција во полна воена опрема не се повлечат од северот.

Прекинот на наставата е поради насилниот упад на припадниците на косовската полиција и специјалните сили и окупацијата на општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток.

Слични содржини