Навални побарал од судијата на Врховниот суд подобри затворски услови

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој е во затвор, денеска преку видео врска се појавил пред судијата на Врховниот суд, од кого побарал подобри услови во затворот и ги оспорил постоечките затворски правила.

Меѓу другото, Навални побарал подолги паузи за оброк и да му се овозможи пристап до повеќе книги, објави „Ројтерс“.

Тој го критикуваше правилото на затворот дека затвореникот има право на само една верска или световна книга, вклучувајќи весници и списанија.

Слични содржини