Google, Facebook, Yahoo и неколку правобранителски организации се против давање на повеќе надлежности на истражните органи во САД. Интернет гигантите се обединија во заедничка позиција против предложените измени во законот на САД, кои ќе им дозволат на разузнавачките агенции да собираат повеќе информации без судска дозвола, пишува списанието PC World.

zx450y250_2773493

Компаниите испратиле заедничка позиција до американскиот Сенат, во која велат дека предложените промени “цртаат” премногу детална и интимна слика за приватноста на човекот. Промените предвидуваат да се дозволи на разузнавачките агенции да собираат податоци како IP адреса, информации за одредена сесија, историја на прелистување на интернет, мета податоци од пораките (т.е. со кого и кога), информации за локацијата и дури точното време кога даден човек влегол во вашиот профил. Сето без потреба од судска дозвола.

Друг предложен закон ќе им овозможи на ФБИ да бара податоци за е-мејл преписка на човек без судски налог. Во моментов бирото може да го прави тоа со снимки за телефонски разговори.

Германска офанзива – Хајндл во Скопје, Биндестагот во Берлин ќе ја оправа Македонија

Сега законот не дозволува на властите за некои истраги дури да бараат имиња, адреси или времетраење на користење на одредена услуга. Промената ќе ја отстрани оваа пречка во многу од случаите. Во неа ќе влезат дури информации да банкарски картички и сметки.

Интернет компаниите се против овие промени. Тие сакаат да има јасна контрола не само од страна на судот, но и од страна на независен орган кој ќе следи дека податоци се бараат само кај конкретна потреба и со нив не се злоупотребува ништо.

Слични содржини