Не застанала на Салиу: Извршителката Јакимовска нападнала и полицаец

од Vladimir Zorba

Откако го нападнала новинарот Фуркан Салиу и неговата новинарска екипа, извршителката Весна Јакимовска синоќа нападнала полициски службедник додека била на распит во полициската станица во Кичево.

Од МВР информираат дека Јакимовска го нападнала полицаецот и го уништила службениот материјал, откако синоќа пред полноќ била приведена од полицијата.

„На 21.03.2024 во 23.20 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишиле од слобода В.Ј.(60) од Скопје. Таа, претходно, на улицата „Трајче Стрезоски“ во Кичево физички го нападнала Ф.С.(33) од Скопје и ја оштетила неговата службена опрема, а потоа во службените простории на ОВР Кичево, каде била повикана на разговор, физички го нападнала полицискиот службеник и го уништила изготвениот службен материјал. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава“, се наведува во полициското соопштение.

Слични содржини