Небензја: Телата во Буча не изгледаат како да лежеле таму со денови

од Nikola Popovski

Пред Советот за безбедност се обрати и рускиот претставник Василиј Небензја, кој на почетокот на својот говор го повтори целосно неосновано тврдење дека украинската влада на чело со Евреинот Володимир Зеленски е предводена од нацистите.

Очекувано, Небензја ги отфрли обвинувањата на Зеленски дека руските војници во Буча извршиле воени злосторства, тврдејќи дека „има очигледни недоследности во известувањето на украинските и западните медиуми“.

Небензја рече дека телата пронајдени и фотографирани од фоторепортерите по влегувањето на украинските сили во Буча ги немало по повлекувањето на руските сили. Небензја тврди дека „тоа е потврдено на неколку видеа“.

– Овие тела во никој случај не се слични на телата кои лежеле на патот три-четири дена, изјавил Небензја.

Неговите тврдења веднаш ги демантираше Би-Би-Си, прикажувајќи сателитски снимки на компанијата Максар од Буча, кои се направени на 19 март, во време кога руските војници го напаѓаа градот. На овие снимки јасно се гледа дека на улицата Буче на 19 март веќе имало тела. Фотографијата можете да ја видите подолу.

Слични содржини