Неколку кадровски смени на директори

од Берта Китинска

Фехми Стафа, Арафат Муареми и Ирина Сотирова Бухова заминувааат од функциите.

Државниот правобранител Фехми Стафа е разрешен на вчерашната владина седница на која беше донесе Одлука за распишување оглас за именување на нов Државен правобранител на Република Северна Македонија.

Од Државното правобранителство информираа дека државниот правобранител Фехми Стафа денеска до Владата поднел неотповиклива оставка од лични причини и побарал неговата оставка да биде прифатена.

Државниот правобранител беше и во војна со сега веќе разрешениот прв човек на финансиската полиција Арафат Муареми, откако поднесе пријава против него, но и обвинителите Гаврил Бубевски и Артан Ајро, за постапката за конфискацијата на имотот на Трансмет од случајот „Труст“. И антикорипциска има отворено неколку предмети за Муареми токму од времето кога бил истражител во СЈО за истиот случај.

– Јас, државен правобранител на РСМ, Фехми Стафа поднесувам неотповиклива оставка од лични причини. Барам да се прифати мојата оставка на наредната владина седница, стои во оставката од Стафа.

Стафа беше именуван за државен правобранител на 22 август 2018 година од страна на Владата.

Муареми пак поднесе оставка од функцијата веднаш по поднесувањето на кривична пријава против шефицата на обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска откако таа влезе во финансиската полиција со обвинувања за незаконско работење.

Горан Иванов, го именува за в.д. директор на Управата за Финансиска полиција.

Ирина Сотирова Бухова нема веќе да биде директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Нејзиниот мандат како прв човек на ДСЗИ истекол во април годинава, но продолжила да ја врши функцијата се до назначувањето на нов директор. Според информациите по завршување на мандатот пред 4 месеци Бухова самата побарала Владата да постави друг вршител на должноста кој ќе раководи со здравствениот инспекторат.

Слични содржини