Несреќа во Детроит: Воз со опасни материи излета од шините (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Воз кој превезувал опасни материи излета од шините во Детроит, Соединетите Американски Држави.

Официјални лица велат дека само еден вагон во возот превезувал опасни материјали и, наводно, нема знаци на протекување или оштетување.

Причината за несреќата се уште не е позната.

Полицијата соопшти дека во несреќата нема повредени и дека не е загрозено здравјето на граѓаните кои живеат во оваа област, пишува „Фокс“.

Сообраќајот во оваа област ќе биде во прекин додека трае истрагата.

Да потсетиме, пред две недели во Пенсилванија излета од шините уште еден воз со опасни материи.

Слични содржини