Нетанјаху: Ќе направиме се за да обезбедиме слобода на вероисповед за време на Рамазан

од Vladimir Zorba

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека ќе направи се за да ја обезбеди слободата на вероисповед на муслиманите за време на Рамазан.

„Израел ќе се стреми да обезбеди слобода на вероисповед за муслиманите во комплексот џамија Ал Акса за време на Рамазан“, рече Нетанјаху на почетокот на состанокот на владата посветен на подготовките за муслиманскиот свет месец, кој треба да започне или 10. или 11. март.

Тој посочи дека политиката на Израел е да обезбеди слобода на вероисповед за сите религии.

„Ќе направиме сè за да ја обезбедиме слободата на богослужба на Ридот на храмот, а притоа соодветно да ги спроведеме безбедносните мерки и на тој начин да и овозможиме на муслиманската јавност да го прослави празникот“, рече Нетанјаху.

Слични содржини