Невремето поплави стан во Аеродром (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

На социјалната мрежа Твитер се појави видео од поплавен стан од невремето што го зафати Скопје.

Според објавеното, станува збор за нова зграда кај Мајчин Дом во населбата Аеродром.

Дополнително на видеото е објавена уште снимка од тоа како тече вода низ скалите на зградата.

Силно невреме со дожд, град, грмежи и ветер попладнево го зафати Скопје, кое предизвика поплавување на улици, подвозници, куќи и дворови.

Како што пристигнуваат информации, во некои делови од градот има искршени дрвја, гранки и оштетени покриви, а силниот дожд и град го отежнуваат движењето низ улиците кои се под вода.

Слични содржини