Нов земјотрес во Хрватска

од Stefanija Kuzmanovska

Централна Хрватска попладнево беше погодена од нов земјотрес, со јачина од 3,6 степени.

Епицентарот на новиот земјотрес бил на пет километри од Глина.

„Како зградата да потскокна“, навел еден од очевидците. „Непријатен земјотрес кој траеше 4-5 секунди, без претходен татнеж во земјата. Беше изненадување“, напиша друг корисник на веб-страницата на ЕМСЦ.

Земјотресот бил почувствуван и во Загреб, како и во Босна.

Слични содржини