Новиот командант на украинската армија: „Преминавме во одбрана за да ги исцрпиме Русите“

од Stefanija Kuzmanovska

Новиот врховен командант на вооружените сили на Украина, Олексадр Сирски оцени дека ситуацијата во борбената зона е комплицирана и најави дека украинската армија од офанзивни акции преминала на одбранбена операција за да ги исцрпи Русите.

„Од офанзивни акции преминавме во одбранбени операции. Целта е да го исцрпиме непријателот, да му нанесеме значителни загуби со користење на нашите фортификациски капацитети и технички предности, како и беспилотни летала, системи за радио електронско војување и држење на подготвени одбранбени линии“, навел Сирски.

Тој изјавил дека борбите се особено интензивни на фронтот околу Купјанск, каде што Русите си поставиле за цел да го заземат градот Купјанск на секој начин, секојдневно напаѓајќи ги украинските позиции.

„Непријателот во основа ја започна таа офанзивна операција на 3 октомври минатата година и веќе четири месеци спроведува офанзива со висок интензитет. Според последните извештаи, нивните загуби, особено во работна сила, се седум до осум пати поголеми од нашите“, тврди Сирски.

Одговарајќи на прашањето кога ќе заврши војната и какви се изгледите за нејзино што поскоро завршување, Сирски истакнал дека се зависи од нивото на поддршка и ефективноста на акциите на украинската армија.

Слични содржини