Ново истражување: Следењето на војната во Украина може да предизвика симптоми на депресија

од Stefanija Kuzmanovska

Последиците од следењето на војната во Украина може да предизвикаат симптоми на депресија, покажува меѓународната студија објавена денеска од Универзитетот во Источна Финска.

Студијата, спроведена во Финска, Канада и Германија, покажа дека колку повеќе студенти ја следат војната, толку повеќе се јавуваат депресивни симптоми и мисли кои им пречат на нивната способност за учење и работа, пренесува „Ројтерс“.

Се вели дека целта на студијата била да открие како гледањето и следењето на војната во Украина е поврзано со стресните искуства на студентите и како размислувањето на оваа тема е поврзано со студирањето и работната способност и психолошката благосостојба.

Слични содржини