„Њујорк Тајмс“: С. Македонија чека да помине пандемијата за да се „офајди“ од бизнисот со канабис

од Stefanija Kuzmanovska

Во изолирана индустриска зона во Скопје, во тек е изградба на куќа за одгледување канабис која, кога ќе заврши, ќе се протега на 55.000 метри квадратни. Со полн капацитет, ќе се соберат 17 тони марихуана годишно, во вредност од околу 50 милиони долари, пишува објави „Њујорк Тајмс“.

„Фармакон“, компанијата која стои зад оваа операција, има сè што е потребно за просперитетен бизнис, вклучувајќи и договори со купувачи во Германија, Полска и Велика Британија.

„Тие им рекоа на сите дека ова е огромна можност за нова индустрија. Тие рекоа дека ќе имаат изгласан закон за неколку месеци. Тоа беше пред скоро две години“, рече Златко Кесковски, кој работи за „Фармакон“.

Извозот на медицинска марихуана овде е легален од 2016 година. Но, до денес, законот дозволува само масла, екстракти и тинктури, кои, измерени според побарувачката, се само 30 отсто од пазарот.

Тоа требаше да се промени во 2018 година, кога владините лидери најавија дека законот за извоз ќе биде изменет. Беа повикани странски инвеститори. Издадени беа дополнителни лиценци. Минатиот август американски извршен директор за канабис по име Мајкл Страумиетис, познат под името „Биг Мајк“, долета со неговиот приватен авион за да се сретне со тогашниот премиер на земјата, Зоран Заев.

„Да ви кажам, оваа земја има огромен потенцијал и јас сум возбуден што сум дел од претворањто на Македонија во една од првите суперсили на канабис во Европа“, напиша Страумиетис на Инстаграм.

Владини претставници велат дека е издадена лиценца само на едно лице и дека се надеваат дека ќе се донесе измената кога Собранието ќе се реконструира, што е предвидено да се случи во април.

Целиот материјал на следниот линк: https://www.nytimes.com/2020/03/25/business/north-macedonia-marijuana.html?referringSource=articleShare&fbclid=IwAR0QfWUtmXtG_BHXaCszCnL4YQb2f6sleWa8bs6vmm2gzNCoeQ1GD_drcuc

Слични содржини