Објава на Меланија Tрамп на Twitter предизвика ерупција од негативни коментари

од desk2

Првата дама на Белата куќа Меланија Трамп на Twitter порача дека и оваа година ќе се бори за добробит на децата каде и да се наоѓаат тие.

Тоа предизвика бурни и бројни реакции со оглед на тоа дека политиката на нејзиниот сопруг Доналд на одреден начин заговараше разделување на имигрантските деца од родителите, а во јавноста се појавија и слики од ученици во кафези.

Меланија твитна дека во 2019 година ќе продолжи да работи на проекти кои вклучуваат благосостојба на деца, онлајн сигурност и борба против злоупотреба на дроги.

„Заклучување во кафези претставува „поддршка на добробитта на децата“?, „Што е со децата кои се одвоени од семејствата и сместени во логори – тоа се злосторства против човештвото и треба да им се суди“, „Да продолжите? Зар не направивте доволно?“, „Наведете три примери на тоа што го стработивте. Ќе чекам…“, само се некои од коментарите на социјалните мрежи на сметка на коментари на Меланија Трамп.

Слични содржини