Објавена е првата фотографија од новиот вид на коронавирус што пристигна и на Балканот

од Nikola Popovski

Научниците од Сибирскиот вектор центар за првпат го фотографираа новиот вид на коронавирус. Примерокот бил изолиран од пациент во декември минатата година, објави руската служба за фитосанитарен надзор „Роспотребнадзор“.

Тие наведоа дека фотографијата е направена под електронски микроскоп како дел од тековната студија за коронавирусот, „вклучувајќи ги неговите структурни карактеристики и манифестации во клеточните култури“.

Сликата е добиена со помош на електронски микроскоп, со зголемување од 100 000 пати. Фотографијата покажува тркалезна вирусна честичка, со дијаметар од околу 96 нанометри.

Новиот вид на коронавирус, кој е доминантен во Велика Британија и кој е регистриран во повеќе од 60 земји во светот, стигна и на Балканот и беше изолиран вчера во Институтот за микробиологија и имунологија на Медицинскиот факултет во Белград, Србија. Се уште нема информации дека е пристигнат и во нашата земја.

Според досега достапните информации, новиот вид на коронавирус е позаразен од претходниот.

Слични содржини