ОБЈАВЕНИ СНИМКИ од Титан – За момент настанала паника, пилотот изгубил контрола: „О Боже…“

од Stefanija Kuzmanovska

Документарецот на Би-Би-Си, објавен минатата година, ги прикажува паничните моменти во подморницата Титан по застрашувачки дефект. Патниците биле накратко заглавени на дното на океанот за време на едно нуркање на подморницата на OceanGate кон потонатиот брод Титаник.

Речиси четири километри под површината на морето во северниот дел на Атлантикот дошло до дефект во погоните на подморницата, при што пловилото почнало да се врти во круг, пишува „Дејли мејл“.

Сцените беа прикажани во документарниот филм „Take Me to the Titanic“, а на снимката се слуша гласот на пилотот Скот Грифит кој вели: „Нешто не е во ред со погоните. Притискам и ништо не се случува“. Еден патник се фатил за глава, додека други во агонија чекале помош.

„Одиме во кругови? О, Боже“, рече Грифит во еден момент додека подморницата се приближуваше до остатоците.

Тој им објаснил на патниците дека еден од погонувачите турка напред, а другиот назад.

„Мислев дека е крајот, дека нема да успееме. Не можеме никаде да одиме освен да одиме во круг“, изјави патничката Рената Рохас за Би-Би-Си.

Членовите на екипажот беа принудени да чекаат на дното на океанот додека извршниот директор на OceanGate Стоктон Раш работеше на изнаоѓање решение.

Во подморницата имало и научник кој го прашал Грифит дали знае што предизвикува проблеми со погонувачите.

„Заменија еден од погонувачите“, одговори Грифит, а научникот понатаму праша:

„Значи го монтирале на погрешен начин? Мислам, тоа е еднонасочен погон, нели?“, гласеше прашањето.

Тогаш пилотот, видно изнервиран, одговорил: „Да, треба да биде, но нешто се случи“.

На крајот, на пилотот му беше наредено да го репрограмира контролорот за видео игри што го контролира пловилото и успеал да ја преземе контролата над подморницата.

Патниците и екипажот можеле да ги видат остатоците од Титаник по драмата што ја доживеале кога пилотот изгубил контрола над пловилото.

Да потсетиме, Стоктон Раш и уште четири лица – милијардерот Хамиш Хардинг, пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот син Сулејман и францускиот океанограф и експерт за Титаник Пол-Хенри Наргеолет загинаа на 18 јуни во експлозија на подморница додека патувале кон потонатиот брод.

По инцидентот, голем број експерти за нуркање и поранешни вработени во OceanGate се огласија, обвинувајќи ги Раш и компанијата за игнорирање на повеќекратните предупредувања.

Слични содржини