Од пукање во Јегуновце, Јанкулоска ја криеле во објект – мерцедесот излетувал и од пат

од desk2

 

Поранешниот шеф на обезбедувањето на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска како сведок во случајот „Тенк” пред судот тврдеше дека возилата за кои тој бил одговорен често се расипувале.

„Во 2011 на средба на Јанкулоска со граѓани во општина Јегуновце имаше судир помеѓу криминална банда и МВР се најдовме во средина на тоа препукување. Морав да реагирам, но бидејќи немавме блиндирано возило, Јанкулоска ја сместивме во еден објект. Наредив што поскоро да се обезбеди блиндирано возило“, сведочеше поранешниот шеф на обезбедувањето на Јанкулоска.

Сведокот кој од 2002 работел во МВР пред судот рече дека на возилата кои се користеле за возење на функционерите, но и за странски делегации често им откажувале сопирачките, амортизерите. Според тврдењето на сведокот поправката на расипаните возила траела и со месеци, па се снаоѓале од возилата за превоз на ВИП личности.

Сведокот ја затекнал и набавката на новиот мерцедес кој бил сменет за делегации и ВИП лица. Кој точно го користел ова возило сведокот не знаеше да каже.

Стариот блиндиран мерцедес, излетал од пат накав Водно. „Ни изгаси возилото на пат кон резиденцијата накај Водно, се скина каишот, закочи воланот. Возилото излета од патот. Ако истото се случеше на отворен пат штета ќе беше многу поголема“, рече четвртиот сведок на денешното рочиште кој бил во тимот на обезбедување на Груевски и на техничкиот премиер Емил Димитриев, а во дел од службата работел и како личен шофер.

Новиот мерцедес, посочи овој сведок дека бил користен и за странски делегации, во него се возеле Бан Ки-мун, бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Ова не е прв сведок кој кажува дека стариот мерцедес во кој се возел Груевски излетал од патот. На минатото рочиште, друг член од обезбедувањето кажа дека поради дефект возилото излетало и кај американската резиденција и се удрило во ограда од двор на куќа при што искршило неколку столбчиња. Тогаш Груевски не бил во автомобилот.

Слични содржини