Одбележување на Денот на македонската револуционерна борба

од desk4

Со положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк денеска беше одбележан Денот на македонската револуционерна борба.

Цвеќе положија делегации од Кабинетот на претседателот, од Владата и Собранието, како и претставници од здруженија на граѓани.

Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, кој е прогласен за неработен ден. По повод денешниот празник, државниот врв упати честитки до граѓаните. Празникот се одбележува и во останатите градови низ државата.

На 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев беше формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно македонската револуционерна организација (ВМРО) или Внатрешно македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО). Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош однадвор. Со тоа почна организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската Република, преку НОВ резултира со создавање самостојна македонска држава

Слични содржини