Одбиено барањето на Додик за изземање на судијката Ќосиќ-Дедовиќ

од Stefanija Kuzmanovska

На Генералната седница на Судот на Босна и Херцеговина беше донесена одлука да се одбие барањето на адвокатот на претседателот на РС, Милорад Додик, за изземање на судијката Јасминa Ќосиќ Дедовиќ.

Милорад Додик побара нејзино изземање поради сомневање за непристрасност, но против оваа одлука беа сите 30 судии со право на глас.

Ќосиќ-Дедовиќ сега ќе одлучува дали ќе го прифати обвинението против Милорад Додик.

Обвинението беше покренато откако властите на РС не ги објавија одлуките на високиот претставник и откако не ги применија одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина.

Се очекува наскоро да биде потврдено обвинението.

Слични содржини