Одделот за организиран криминал го информирал Тошковски за критичните места за евентуални изборни нерегуларности

од Nikola Popovski

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи каде оствари работен состанок со поширокото раководство.

На состанокот министерот беше запознен со структурата на Одделот, делокругот на работа и тековните активности и во овој дел беше информиран дека од нивна страна извршено е мапирање на критичните места за евентуални изборни нерегуларности. Исто така, беа посочени определени предизвици со кои се соочуваат од аспект на формално-правната поставеност на Одделот, систематизацијата на работните места и организациската поставеност на единиците.

„Можам да констатирам дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал согласно спецификите на работата која ја извршува треба да биде организациска единица каде работат најдобрите и најискусни полициски службеници и распоредувањето на кадри треба да се врши исклучиво согласно мерит систем, а не било каква припадност и во таа насока во наредниот период треба да се направи кадровско реструктуирање според однапред определени објективизирани критериуми“, истакна министерот Тошковски.

Слични содржини