Официјално: Раиконен го смени Ферари со Заубер

од Vlatko K

Очекуваната од многумина разврска стана факт – Ферари најави дека од следната сезона Кими Раиконен повеќе нема да биде пилот на тимот. Неговата позиција ќе ја преземе младата надеж Шарл Леклер.

„Скудерија Ферари објавува дека на крајот на сезоната 2018, Кими Раиконен ќе ја напушти својата сегашна позиција. За време на неговите години во тимот, придонесот на Кими – и како пилот и во однос на неговите чисто човечки квалитети – останува фундаментален. Тој играше одлучувачка улога во растот на тимот, и тој секогаш беше одличен тимски играч“, соопштија од Маранело.

„Како светски шампион со Ферари, тој е засекогаш дел од историјата и семејството на тимот. Му благодариме на Кими за сè, и посакуваме тој и неговото семејство да бидат просперитетни во иднина“, се вели во соопштението.

Во 2007, Кими стана последниот возач кој ја освои титулата светски шампион со „црните коњчиња“.

Ветеранот сепак нема намера да се повлече од Формула 1. Пред Ферари да потврди за разделбата, Финецот потврди во Инстаграм дека потпишал 2-годишен договор со Заубер.

Слични содржини