Ограбена менувачница сред бел ден во Тафталиџе

од Nikola Popovski

Вооружен грабеж се случил вчера попладнето во менувачница во скопската населба Тафталиџе 2. Според информациите, две вооружени лица со закана од вработената одзеле пари.

-На 22.11.2023 околу 13.50часот во СВР Скопје е пријавено дека во менувачница на подрачје на општина Карпош две лица со закана со оружје од вработената одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во полицискиот билтен.

Се уште нема информации колку пари биле украдени. Вработената која работи во менувачницата не е повредена.

Слични содржини