Охајо планира да им дозволи на наставниците и другиот персонал да носат оружје

од Stefanija Kuzmanovska

Американската сојузна држава Охајо планира да донесе закон со кој им се дозволува на наставниците и другиот персонал да бидат вооружени во училиштата по завршувањето на почетната 24-часовна обука.

Нацртот беше финализиран 10 дена откако тинејџер со пушка изврши напад во основно училиште во Тексас во кој беа убиени 19 ученици и двајца наставници, јавуваат американските медиуми.

Поддржувачите на законот за оружје во Охајо се надеваат дека вооружените наставници ќе ја намалат фреквенцијата на пукање во училиштата.

Слични содржини