Окон и Магнусен дисквалификувани од ГП на САД

од desk2

Пилотите на Рејсинг Поинт Форс Индија, Естебан Окон, како и на Хас – Кевин Магнус се дисквалификувани од местата кои ги освоија во Гран При на САД во Формула 1 и изгубија поени во генералниот пласман, поради нарушување на правилата за користење на гориво.

Французинот Окон заврши на осмото место, додека Магнусен заврши на 9. место. Дисквалификацијата ја промени табелата и тоа значи дека Серхио Перез од Форс Индија се искачува на 8-то место, а Брендон Хартли од тимот на Торо Росо е 9-ти. Маркус Ериксон го зазеде последното место, кое носи поени – 10-ти.

Стјуардите на трката утврдиле дека Магнусен користел повеќе од дозволените 105 литри бензин. Окон ја надминал границата за првиот круг.

Уште еден пилот ќе добие казна и тоа е Французинот Ромен Грожан, кој ќе треба да стартува со три места подолу во Гран При на Мексико другата недела.

Тој беше близу до целосно извлекување од трката, бидејќи беше на границата на казнените поени. Стјуардите проценија дека пилотот на Хас, кој ја заврши трката со оштетен автомобил, намерно го предизвикал судирот со Шарл Леклер од Заубер.

Грожан во моментов има 10 поени, а при 12 во следната година добива автоматска казна за една трка.

Слични содржини