Олимпијците во Париз без климатизација поради загриженоста за климата

Откако ќе завршат Олимписките игри, планерите имаат намера зградите кои ќе се користат за сместување на спортистите да се пренаменат во станови за околу 6.000 парижани.

од Бети Божиноска

Спортистите кои ќе се натпреваруваат на Летните олимписки игри во Париз ќе имаат многу кондоми, но нема да имаат клима уреди, пренесува „Брејтбарт“.

„Ги дизајниравме овие згради за да бидат удобни места за живеење во текот на летото, во 2024 година и подоцна, и не ни треба климатизација во нив бидејќи ги ориентиравме фасадите да не добиваат премногу сонцето во текот на летото, а и изолацијата е навистина ефикасна“, вели Јан Крисински, оперативен директор во „Солидео“, јавното тело одговорно за инфраструктура за олимпијадата.

Меѓутоа, зградите во кои се сместени спортистите сепак ќе имаат некаков систем за ладење. Според „Ројтерс“, студена вода ќе циркулира под подовите на собите за да создаде свежина.

Одлуката да се откажат од традиционалната климатизација е резултат на желбата на организацискиот комитет Олимписките игри во Париз во 2024 година да бидат рекордери во смисла на намалување на јаглеродниот отпечаток на настанот.

Откако ќе завршат Олимписките игри, планерите имаат намера зградите кои ќе се користат за сместување на спортистите да се пренаменат во станови за околу 6.000 парижани.

Обидот да се создаде историски момент за јаглеродниот отпечаток не доаѓа без ризици. Околу 5.000 луѓе умреа минатата година во Франција поради големите горештини, а синоптичарите тврдат дека постои можност и ова лето да има слични пеколно жешки услови.

Слични содржини