Македонската радио телевизија незаконски им наплаќа радиодифузна такса на голем број граѓани што немаат обврска да ја плаќаат, а присилно одземените пари потоа одбива да им ги врати, вели народниот правобранител, Иџет Мемети-информира А1он.

memeti1

Тој денеска ги обвини МРТ и УЈП за незаконско работење во случаи каде радиодифузна такса мора да плаќаат иселеници, приматели на социјална помош, хендикепирани и бездомни лица. Кога, пак, ќе се утврди дека немало основ за присилно наплаќање, МРТ одбива да им ги врати одземените пари на граѓаните, вели Мемети.

-Граѓаните на нелегален начин се задолжуваат со радиодифузна такса, тоа ни МРТ не го негира, затоа одземените пари мора да им се вратат. МРТ не смее во ниеден случај да им ги зема парите на граѓаните, тие пари не се нивни и теба да ги враќаат, не се граѓаните должни да ја кредитираат МРТ – изјави денеска народниот правобранител.

 

Повеќе ТУКА

Слични содржини