Унгарскиот премиер Виктор Орбан отворено и остро се спротивстави на предлозите на Европската комисија за распределба на мигранти во земјите-членки на квоти.

ORBAN1

“Тоа директно е покана за мигрантите”, рече Орбан за француското издание “Фигаро”. На прашањето дали е задоволен од затворањето на унгарската граница / satisfaction, терминот кој користат  новинарите . / Орбан одговара “satisfaction е за Rolling Stones”. “Ние си поставивме цели кои во оваа фаза се постигнати. Но, кој е овој луд човек кој ќе биде задоволен гледајќи сите овие мигранти кои пристигнуваат во Европа? Еден од главните проблеми е бизнисот на трговците со луѓе. Според податоците на тајни служби сето ова е организирано уште во Пакистан и Авганистан. Таму се емитуваат рекламни спотови кои ги повикуваат луѓето кон миграција, да ја напуштат земјата – со понудените услуги, различни средства, цени!  Мисијата  е јасна: Германија или скандинавските држави “, вели Орбан. “Патот не се избира од мигрантите, туку од шверцерите! Е обде нема да можат повеќе да минуваатм, нема  низ Унгарија, ќе го сменат правецот, ќе минуваат најверојатно во Романија! Поради оваа причина ние одлучивме да изградиме ограда и од романската граница. Сигурно ќе изградиме таков и долж границата со Хрватска.го  следиме нивниот пат “, вели унгарскиот премиер и предупредува: Факт е дека миграцискиот  прилив не запира! Успеавме да ги спречиме на унгарската граница, но не сме застанале на самиот прилив … Според Фронтекс, мислам дека може да дофат  стотици милиони кои ќе дојдат од Блискиот Исток и Африка! Тоа е светски предизвик. Европската унија треба да побара интервенција на ОН!

Виктор Орбан вели дека многу му се допаднала оценката на германската канцеларка Ангела Меркел од пред година и пол кога рекла дека мултикултуризмот  е мртов. “Терористичката закана е едно нешто, но има и друг предизвик – интеграцијата на муслиманите. Во Европа тоа не се случи. Постојат паралелни општества кои постојат едно до друго. Не го негирам правото на кое и да е општество да функционирана  овој начин! Но, ние во Унгарија, не сакаме да одиме по овој пат. Муслиманите имаат тотално различен од нашиот пристап кон животот. Со нив ние воопшто не може да се натпреваруваме. Не сме  си конкурентни. Ако, ние христијаните  ги оставиме муслиманите да се натпреваруваат со нас на континенти, ние ќе бидеме поразени, тоа е чиста математика! “, вели уште унгарскиот премиер.

Слични содржини