Осамениот Вучиќ во Давос стана хит на мрежите (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Фотографијата од српскиот претседател Александар Вучиќ од панелот за Западен Балкан во Давос предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, седеше сам и одвоен од сите лидери на панелот за Западен Балкан што се одржа во рамките на Светскиот економски форум во Давос.

Засега не се знае како дошло до ваквото распоредување на седиштата, дали српскиот претседател сакал да се издвои самиот или останал без стол во редот каде што се сите останати.

На фотографијата се претставникот на ЕУ Мирослав Лајчак, македонскиот претседател Стево Пендаровски, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, албанскиот премиер Еди Рама…

Еден корисник на социјалната мрежа Твитер истакна дека има разлика како се однесуваат кон Вучиќ надвор од Србија и како се однесуваат кон него во Србија.

Секако, имаше и духовити коментари:

Учесниците на панелот разговараа за предизвиците со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан и потребата од зачувување на стабилноста, создавање услови за поттикнување на економскиот раст на земјите, а беше истакната и неопходноста од решавање на замрзнатите спорови, соопшти агенцијата „Бета“.

Слични содржини