Осквернавен споменикот на загинатите бугарски туристи во Охрид, МНР го осуди вандалскиот акт

од Nikola Popovski

Искршен е споменикот на брегот на Охридското езеро кој беше подигнат во спомен на бугарските туристи кои загинаа при потонувањето на бродот „Илинден“, објави бугарската новинска агенција БГНЕС.

Министерството за надворешни работи на С. Македонија веднаш реагираше и најостро го осуди вандалскиот акт.

„Надлежните служби се информирани и во најскоро време ќе го отклонат ова злодело на неодговорни и злонамерни поединци, за да можеме достоинствено да ја паметиме ова трагедија. Вратите на историскиот Охрид остануваат ширум отворени за сите туристи, а посебно се секогаш добредојдени нашите пријатели од соседна Бугарија“, соопштуваат од македонското МНР.

Во трагичиот инцидент кој се случи на 05 септември 2009 година загинаа 15 бугарски туристи. На бродот имаше над 50 луѓе кои патуваа кон манастирот „Свети Наум“. Бродот „Илинден“ потона на 200 метри од брегот.

Слични содржини