Османи: Не преговараме за идентитетски прашања, тоа не е цивилизациски

од Берта Китинска

Со почеток во 11:30 се одржа 17. Седница на собраниската Комисија за надворешна политика. На истата присуствуваше министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој говореше за планот 5+1 во однос на македонско-бугарските односи.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на истото кажа дека со Буграрија не преговараат за идентитенските прашања бидејќи секој има право да се изјани како што се чувству. Во случај да навлегуваат во таква дискусија тоа би било нецивилизирачки.

– Сакам да порачам дека нашиот тим се води од државна позиција и секое прашање поминува низ раце на експерти, влада, комисија, сообрание, претседател.Во историски камисија неможеме да се мешаме. Сакам да кажам никој не преговара за индетитетски прашања кои произлегуваат, не сме преговарале за тоа зошто немаме право на такво нешто. Установивме дека се ретроградни појави и не се цивилизациски. Стоиме само за пристап право на самоопределување, изјави министерот.

Бидејќи опозициската партија постојано се бунтува дека од неа се затају договорот – „нон пејпер“ кој бил испратен во Софија министерот рече дека не е така, туку дека сеуште не се финализирани работните верзии. Штом станат прифатени веднаш ќе ги сподели.

– Уште сме во разговори и уште нема договоренени реализирани верзии. Сигурно кога ќе станат прифатени работните верзии ќе бидат доставени до Комисијата за надворешни работи и до Владата, владини службеници и секако и јавноста ќе биде известена. И двете држави и С. Македонија и Р. Бугарија добивме нови влади и ќе создадеме билетерална соработка, нова полита, нова иницијатива и да обезбедиме решенија кои се добри и за македонскиот и бугарскиот народ. Таков пример е употребата на краткото име, со што се затвори прашањето за употреба на долгото име на нашата држава. Потоа мора да се напомене 30 години јубилеј од кога Бугарија не призна како Р. Македонија што укажува на пријателски однос, изјави Османи.

Министерот истакна дека средбата помеѓу двете Влади која се одржа во Софија пред неколку дена е едно ново поглавје за односот помеѓу Македонија и Бугарија. Резултат од тоа се шесте работни групи.

– Нашата средба во Софија беше средба со нов почеток и 6 работни групи. Првата е економска, која допрва ќе се проширува и ќе се обезбеди сестран пристап. Втората е за инфраструктура која е важна за бизнис која е важна за бизнисот, авионската линија Скопје. Софија, Коридор 8 и граничен премин Клепало. Третата е залени политики. Четвртата е за наука, култура, образование. Петата не е политичка, а тоа е историската. Во 6та ќе следи нова слика. Нема дилема дека има разлка во размислување на македонскиот и бугарскиот народ, а заедничка е декларацијата која е усвоена со консензус, кажа Османи.

Слични содржини