Османи: Србите во северно Косово се под директни закани на криминални групи диригирани од Белград

од Nikola Popovski

Нашиот Устав и уставот на секоја демократска држава бара сите граѓани да бидат рамноправни пред законот. Оние кои што го прекршуваат законот, треба да се соочат со последици, изјави косовската претседателка Вјоса Османи на заедничката прес-конференција со нејзиниот македонски колега, Стево Пендаровски.

Според неа, потребно е да се воспостави ред и мир на северот на Косово.

-Ова опфаќа и стотици акции за борба против кпруцијата и криминалот на ссеверот на Косово, организиран од криминални групи кои се на црната листа на САД.  Ова треба да биде со зголемен обем. Србите се под закани на криминалните структури кои се диригирани од Белград. Во соработка со меѓународните институции, ќе продолжиме со зголемен интензитет, рече Османи како одговор на новинарско прашање.

Слични содржини