Османи: Владата денеска ќе ги разгледа сите можности за помош на Албанија

од Vladimir Zorba

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница како прва точка ќе ги разгледа сите можности за помош на Албанија по ноќешниот силен земјотрес во кој има и човечки жртви.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска изрази сочуство до семејствата на загинатите и кажа дека тој утринава веќе неколку пати зборувал со албанскиот министер за надворешни работи со цел да ги чуе нивните потреби за помош.

Османи информираше дека екипа од дваесетина спасувачи во координација со Дирекцијата за заштита и спасување веќе се подготвуваат да одат во погодените места.

Слични содржини