276
Најмалку 86 Палестинци загинаа, а 131 се ранети во изминатите 24 часа, во израелските напади врз опколениот Појас Газа, соопшти денеска министерството за здравство на Газа.
Од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, кој владее со Газа, убиени се 29.692 Палестинци, главно жени и деца, а 69.879 се ранети.
Во соопштението на министерството се наведува дека многу луѓе се под урнатините и на патиштата и оти спасувачите не можат да стигнат до нив.
Израелските медиуми јавуваат дека израелските војници убиле повеќе од 12.000 оперативци во Газа, а околу 1.000 екстремисти биле убиени во Израел на 7 октомври, кога почна војната по терористичкиот напад на Хамас.