Панел дискусија „Слободата на медиумите наспроти политичките притисоци и пропаганда, дезинформациите и говорот на омраза: Како понатаму?“

од Vladimir Zorba

Институтот за медиуми и аналитика ИМА утре ја организира панел – дискусијата: „Слободата на медиумите наспроти политичките притисоци и пропаганда, дезинформациите и говорот на омраза: Како понатаму?“.

Панелисти на оваа дискусија се Младен Чадиковски – претседател на Здружението на новинарите на Македонија, Драган Антоновски – генерален директор на Медиумската информативна агенција МИА, Арта Тахири – уредник на вести во националната телевизија АЛСАТ, и Атанас Кировски – новинар, поранешен директор и главен уредник на ТВ Телма и дописник на Би-би-си. Дискусијата ќе ја модерира Петрит Сарачини, раководител на Институтот за медиуми и аналитика ИМА.

Панел – дискусијата ќе се одржи на 18 мај 2023 (четврток) во хотелот Сити парк во Скопје, со почеток во 12 часот. По излагањата на панелистите е предвидена и дискусија со учесниците и присутните на настанот.

Слични содржини