Партија на Македонците во Србија: Османи треба да сноси одговорност за Резолуцијата за Сребреница бидејќи не спроведува државна политика

од Nikola Popovski

Класична злоупотреба на функцијата која ја извршува министерот Бујар Османи, кој е член на техничка влада која нема мандат за вакви одлуки, велат од Партијата на Македонците во Србија во врска со коспонзорството на Резолуцијата за геноцидот во Сребреница.

Според партијата, министерот нема мандат и право да настапува во име на државата Македонија.

-Ова може да биде само негов личен или став на ДУИ, бидејки е во тек на изборна кампанја, со јасни лични, а не државни интереси. Мора да сноси одговорност, бидејки не спроведува државна политика во интерес на македонскиот мнозински народ. Македонците во Србија се дел од конститутивните народи на Србија и секоја изјава и одлука која ѝ штети на Србија, не засега и нас, Македонците во Србија, порачуваат од Партијата на Македонците.

Поради тоа, додаваат оттаму, ги повикуваме надлежните институции во нашата матична држава Македонија, сите македонски државотворни, парламентарни и непарламентарни партии, да се оградат од ваквите штетни шовинистичко-националистички ставови и изјави, кои не смеат да поминат како официјални државни одлуки.

Слични содржини