Патнички авион се урна во езерото Викторија во Танзанија (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Спасувачка операција беше започната во неделата откако патнички авион на Precision Air се урна во езерото Викторија во Танзанија, соопшти авиокомпанијата.

Портпаролот на Precision Air изјави за CNN дека авионот се урнал во најголемото африканско езеро во близина на аеродромот Букоба.

Засега не е познато колку патници имало во авионот и дали има загинати во несреќата.

Претседателот на Танзанија повика на смиреност на социјалните мрежи додека спасувачите се на местото на несреќата.

Слични содржини