Пацоли: Новиот премиер ќе го укине данокот, освен тврдоглавиот Харадинај

од desk2

Министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, рече дека секој што ќе стане Премиер на Косово по изборите, кои ќе се одржат во недела на 6 октомври, ќе донесе одлука да го укине данокот за српските производи. Единствен исклучок ќе направи премиерот во заминување Рамуш Харадинај, кого го опиша како „тврдоглав“, пренесе Н1.

„Кога започнавме да разговараме за изборите, бев поканет на јавно телевизиско шоу, и прашање беше што следно ќе правам со давачките. Повторувам, победникот на изборите, идниот премиер кој вели дека ќе ги задржи давачките, лаже. На најхуман начин, можам да кажам: „Исклучок е Харадинај, затоа што јас го познавам како тврдоглав и кога тој нешто поправа, го поправа до крај“, рече Пацоли.

Според него, давачките ќе ги укинат и тие што ги подржаа, а рекоа дека нема да ги укинат.

За Харадинај рече дека и тој може да го прекрши ветувањето, но дека ќе продолжи со истата политика.

„Мислам дека тој неможе без давачките, но може и да ги укине ако сака да размислува пошироко, додека останатите ќе ги укинат и ќе отворат простор за дијалог. Тоа е реалноста, сепак да почекаме да завршат изборите“, рече Пацоли.

Слични содржини