„Пекол“ во Турција: Измерени 50 степени во близина на Анкара

од Nikola Popovski

Во вторникот во Турција е забележан нов температурен рекорд. Термометрите достигнале 49,5 степени Целзиусови. Рекордот е измерен во провинцијата Ескишехир западно од Анкара, соопшти министерот за животна средина, Мехмет Ожасеки.

Во вторник, 15 август, е забележан нов температурен рекорд во историјата на Турција: 49,5 степени во селото Саричакаја, провинција Ескишехир, напиша Ожасеки на социјалната мрежа X.

Претходниот рекорд, 49,1 степени бил во провинцијата Сирнак во југоисточниот дел на земјата во јули 2021 година.

Експертот по метеорологија проф. Орхан Шен претходно обелоденил дека во Централна Анадолија, Централниот Егеј и Југоисточна Анадолија горештините ќе траат до недела.

Во регионот Мармарас, вклучувајќи го и Истанбул, температурата е во нормални граници, околу 28-30 степени, но со влажност од најмалку 80 проценти.

Слични содржини