Пендаровски пријави во полиција дека го следат

од Vlatko K

Кандидатот за претседател поддржан од владејачката коалиција Стево Пендаровски синоќа поднесе пријава во полиција дека го следи тајна разузнавачка служба блиска со една голема опозициска партија, како што првично изјави за време на гостувањето во 1ТВ.  

Пендаровски изјави дека пријавил  во СВР Скопје, но од МВР немаат коментари за пријавата.

-Тоа се структури врзани со една голема опозициска партија, за која имаше во јавноста извештаи дека на дневна основа прави евиденција каде одите вие, јас… Ова денеска е трета или четврта фотографија во низа во последните 10 дена. Тврдам дека станува збор за 24-часовно физично следење на мене, веројатно и на членовите на моето семејство. Дел работат во институциите, дел ги знам по име и по лик, за жал, тоа го прават подолго време кон своите политички опоненти, рече Пендаровски во 1ТВ.

Кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова, пред неколу денови го повика Пендаровски да го пријави случајот во полицијата.

Слични содржини