Пендаровски со Османи и Бегај: Македонија има одлични добрососедски односи со Косово и Албанија

од Nikola Popovski

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари билатерални средби со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи Садриу и со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на маргините на одржувањето на состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони во Скопје.

На средбата со косовската претседателка Вјоса Османи Садриу беше изразено задоволство од нивото на билатералните односи меѓу двете држави кои се пријателски, динамични и засновани на меѓусебно почитување. Беше констатирано дека унапредувањето на добрососедските односи меѓу Северна Македонија и Косово ќе придонесе за напредокот, стабилноста и безбедноста на целиот регион. Соговорниците го реафирмираа интересот за продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, особено во економската и се заложија за активен придонес за да имаме инфраструктурно развиен и економски просперитетен регион.

На средбата со албанскиот претседател Бајрам Бегај беше изразено задоволство од континуираниот политички дијалог и севкупниот развој на билатералните односи меѓу двете држави и беше изразено очекување за јакнење на соработката во областите од заемен интерес. Беше посочено дека како сојузници во НАТО, двете држави се подготвени за збогатување на меѓусебната соработка, со цел на уште поактивен придонес за безбедноста во регионот и пошироко. Соговорниците разменија мислења и информации за европските интеграции на Северна Македонија и Албанија, при што оценија дека забрзувањето на овие процеси позитивно ќе се одрази врз целиот регион и е геостратешка инвестиција во стабилна и просперитетна Унија.

Слични содржини