Песков: Ќе ја прошириме исплатата во рубљи за извоз на енергија

од Vladimir Zorba

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија сака да ја прошири употребата на рубљата во трансакциите за извоз на енергија, но дека е рано да се зборува за рокови и детали.

„Претседателот (Владимир Путин) презеде методичен пристап, чекор по чекор, за да ја прошири употребата на националните валути во плаќањата“, изјави Песков за новинарите на видео-конференција за медиумите, цитиран од Ројтерс.

Путин во четвртокот рече дека улогата на националните валути во извозниот бизнис треба да расте, додека Русија претходно побара нејзините испораки на гас во странство да се плаќаат во рубљи, што, според британската агенција, главно се однесува на Европа.

Слични содржини