Песков: Русија не напаѓала и не напаѓа цивилни објекти во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Русија не извршила и не врши напади врз цивилни објекти за време на специјалната воена операција во Украина, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Според него, немало и нема напади врз цивилни објекти во Украина, туку само на цели кои директно или индиректно се поврзани со воените капацитети.

Песков на прес-конференција истакна дека руската специјална воена операција имала свои задачи, кои биле извршени, пренесе ТАСС.

Слични содржини