Петков: Има предлог Бугарите да бидат вметнати во македонскиот Устав пред одржување на Првата меѓувладина конференција

од Nikola Popovski

Министерката Генчовска при последната посета на Скопје разговарала за одржување на Првата меѓувладина конференција на Република Северна Македонија со ЕУ да се одржи дури откако Бугарите ќе бидат вметнати во македонскиот Устав, изјави денеска премиерот на Бугарија , Кирил Петков во интервју за „БТВ“. Според него, ова засега е само предлог.

-Разговораше Генчовска дека само доколку се промени Уставот на РСМ ќе се одржи првата меѓувладина конференција за која гарантираат нашите европски партнери. Ова е невиден успех за тимот на Министерството за надворешни работи, потенцирал Петков.

Ваквата изјава на Петков доаѓа откако сега веќе поранешниот владин коалициски партнер, партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“ се повлече од бугарската влада.

-Коалицијата не функционира и „Има таков народ“ нема место во оваа влада. Има две причини, рече Трифонов – Република Северна Македонија и тоа што нема пари во државата.

Слични содржини