Петрушевски ќе бара правда и во Стразбур откако беше осуден за клевета и навреда на колегата Костовски

од Nikola Popovski

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски денеска одржа прес-конференција откако пред неколку дена бил осуден за изречена клевета и навреда од собраниската говорница кон неговиот колега од СДСМ, Мартин Костовски. Вели дека ќе ги искористи правни методи и ако треба ќе ја бара правдата и во Судот за човекови права во Стразбур.

-Ќе барам и со претставка до Републичкиот судски совет, судијата кој што донел ваква одлука, да биде разрешен. Ќе ги информирам ОБСЕ, ЕУ и сите наши странски амбасади. Ќе барам реакција и од претседателот на Собранието. Се работи за груба повреда на слободата на говор и демократијата, кажа Петрушевски на брифингот со новинарите.

Судијата во образложението, вели Петрушевски, си ја опишува неговата фактичка перцепција на состојбите.

-Ја наведува некаквата душевна болка и анксиозност, неможност за спиење и се што е наведено во некаква вештачење на тужителот. Јас лично со моето скромно правничко познавање, видов стои дека сум сторил клевета и навреда од собраниска говорница, што е тотално противзаконски и противуставно и се коси со сите меѓународни конвенции, кажа пратеникот.

Слични содржини